Министерот Хоџа утре на средба со тутунарите од Прилеп

Утре во Прилеп, Министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе оствари средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари.

Од кабинетот на Министерот јавија дека средбата ќе се оддржи во 12 часот пред зградата на општина Прилеп.

Инаку, тутунарите денес излегоа на протест во градот, а веќе за в среда закажаа блокади. Бараат итно да се сретнат со надлежните и да го искажат својот револт околу проблемот со ниската откупна цена, која како што велат, е далеку од реална. Предупредија и дека нема да го даваат тутунот за помалку од 200 денари по килограм.

На незадоволните тутунари од Прилеп им се придружија и тутнарите од струмичките села Радичево и Ново Село. И тие исто така, побараа реална проценка на тутунот и укинување на четвртата класа. Укажаа дека откупните цени засега се многу ниски и побараа Владата да преземе мерки за да се надмине состојбата. Во спротивно,како што велат, секојдневно ќе продолжат со протестите.

Ресорниот министер Хоџа, во петокот оствари средба со тутунопроизводителите и откупувачите. Посочи додека се уште траеше средбата, дека се размислува за укинување на четвртата класа тутун за да се зголеми откупната цена. Воедно апелираше на трпение – да се причека да се отворат сите пунктови, па потоа да се излегува со оценка каков е откупот. Порача и дека целата договорена количина тутун ќе биде откупена.

Слични содржини