Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: „Преземените обврски на С.Македонија гарант за безбедноста на регионот“

од Vladimir Zorba

Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев денеска се сретна со вонредната и ополномошната амбасадорка на Република Северна Македонија Агнеза Руси Поповска, соопшти Министерството за одбрана (МО). Двајцата изразија задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО.

Во фокусот на нивниот разговор бил придонесот на Република Северна Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учество во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и транспортното поврзување.

Тагарев изразил поддршка за европската иднина на Република Северна Македонија во исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нивната важност не само за билатерална соработка, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион.

Меѓу темите на разговорот беше и долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста, како и можностите за сè поинтензивно развивање, како од аспект на обука за различни специјалности, вклучително и воени лекари, и во областа на истражувачки проекти со европско финансирање.

Слични содржини