Министерство за култура: Организаторот на „OFFest“ не само што не го потпиша договорот, туку поднесе и забелешки

од Nikola Popovski

Откако организаторите на фестивалот „OFFest“ објавија дека годинешното јубилејно 20. издание на фестивалот место во јуни, ќе се одржи во ноември и дека тоа е поради доцнењето на средствата кои требало да им бидат исплатени од Минстерството за култура, се огласија од ресорното министерство.

„Министерството за култура има разбирање за сите потешкотии со кои се соочуваат корисниците при реализацијата на нивните проекти во вонредни услови на светска пандемија, вклучително и за потребата за поместување на термините за одржување на настаните. Впрочем, како што се случи и минатата година со Офф фест, така и годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализациоја на проектот“, велат од Министерството за култура.

Според нив, за најавеното одложување на Офф фест од јуни за ноември, договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал.

„И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот туку поднесе и забелешки. Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура“, велат од министерството.

Слични содржини