Министерството за култура објави Јавен повик за финансиска помош од 6.000 денари за сите уметници

Министерството за култура, според Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, на својата веб–страница (www.kultura.gov.mk) објави Јавен повик за изготвување Листа на уметници и други лица кои вршат дејност во културата.

Листата на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата се изготвува со цел уметниците и другите лица кои вршат дејност во културата да можат да се стекнат со право на финансиска поддршка во износ од 6.000,00 денари, која може да се користи исклучиво за купување македонски производи и услуги во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година.

Од министерството објавија дека сите заинтересирани лица можат да достават Барање за вклучување во Листата и Изјава за исполнетост на условите за вклучување во Листата на е-адресата на Министерството за култура ([email protected]).

Листата на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата, Министерството за култура ќе ја достави до Управата за јавни приходи.

Слични содржини