Министерството за одбрана на САД одби да ја испрати Националната гарда

од Vladimir Zorba

Новинарот на Вашингтон пост, Арон Дејвис, на својот Твитер објави дека, според неговите извори, Министерството за одбрана го одбило барањето на официјални лица од Вашингтон за распоредување на Националната гарда во Капитол, откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднале во зградата.

Приврзаниците на Трамп денеска се судрија со полицијата на скалите на Капитол, додека ги броеја гласачките ливчиња. Имаше немири пред зградата на Капитол, а демонстрантите пробија неколку полициски барикади и упаднаа во Конгресот.

Во таа област беа мобилизирани 3.750 полицајци и повеќе од 300 припадници на Националната гарда, изјавија официјалните лица.

Претставникот на Републиканската партија Кимберли Класик известува дека конгресмените носат маски за гас и дека во тек се евакуации.

Протестите против новоизбраниот претседател Џо Бајден започнаа во Вашингтон во вторникот, а имаше и конфликт меѓу приврзаниците на Трамп и полицијата. Тоа можеше да биде навестување за она што следуваше, а тоа е она што го гледаме на улиците на Вашингтон вечерва.

Слични содржини