Миранда Патручиќ, е новинарка на проектот кој иинформоира за организираниот криминал и корупција со седиште во Сараево. Членка е на меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство што ги обработува документите од Панама и ги дистрибуира во јавноста. Во разговор за Гласот на Америка преку Скајп, најави дека наредните недели ќе бидат објавени имиња на луѓе и компании од Балканот кои се поврзани со адвокатската фирма Мосак-Фонсека.
Таа зборува како добила пристап до милиони документи кои откриваат како богатите и славните, меѓу нив бројни политичари и државници, ги користат карипските оф-шор институии да сокријат или да „исперат“ голема сума на пари.
Колку за потсетување, голем скандал во светот предизвика работата на тим истражувачки новинари на протечени документи од адвокатската фирма во Панама. Објавени се дел од информациите за офшор финансиски зделки на богати и познати лица, луѓе со политички врски, како и лидери на држави.