Мисајловски: Собранието не одлучува ништо

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски денеска од блокадата на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Сарамзалино, уште еднаш порача „не“ за францускиот предлог.

-Ние сме тука за да кажеме „не“. Ова што сакаат да го направат е директно мешање на внатрешните интереси на Македонија, сакаат да ни ги променат учебниците, историјата, да се смени Уставот за она што не смее да се направи. Затоа благодарност до сите граѓани што доаѓаат на протестите и сакаат да искажат гнев. Собранието не одлучува во моментов ништо. Тоа е парада и театар за да направат „чек-листа“ од Владата дека има навидум некакви консултации во Собранието, за да покажат пред Европа дека и Собранието има улога. Ова е меѓувладина конференција меѓу владата. Никој не го видел протколот, никој не знае што се преговара, рече Мисајловски.

Тој додаде дека различни форми на протести ќе има и сите наредни чекори ќе бидат објавувани во наредниот период.

Слични содржини