Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има победа во 40 совети на општините

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, тврди дека партијата има 50 илјади гласови повеќе од СДСМ за советничките листи. Тој посочи дека залудни биле притисоците на СДСМ за време на изборниот ден и во кампањата. Според него, неговата партија има победа во 40 општини во советите на општините.

Дел од 21 општинина за кои Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ победила се Аеродром, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Зрновци, Виница, Петровец, Штип, Карбинци, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Новаци, Јегуновце. Тој посочи дека очекува за кратко да стигне победата и во Ѓорче Петров. Мисајловски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ победи и на советничката листа за Град Скопје, а убедливо води и независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од неговата партија.

Водство, без победа во првиот круг кажа дека има во Зелениково, Чешиново-Облешево, Радовиш, Охрид, Битола, Кичево, Брвеница.

По вчерашните локални избори најмногу победи на советнички листи има ВМРО ДПМНЕ или во 42 општини. Втор е СДСМ со 20 победи на советнички листи, а зад нив е ДУИ со 13 освоени совети. Колицијата Алијанса – Алтернатива имаат најмногу гласови на две советнички листи, а по една имаат ДПА, ДПТМ и ЛДП. Сепак, кој ќе владее со општините ќе зависи од идните коалиции меѓу партиите. Инаку, за Советот на град Скопје најголем дел од граѓаните гласале за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, односно 73.566 што е 34 отсто од вкупниот број на гласови.

Слични содржини