Мисица на Путин стана снајперист

од desk2
161 прегледи

Олга Шишкина (21) била сираче кога доброволно станала снајперист во судирот во источна украина, и тоа пред да ја освои титулата мис.

Била доброволец на проруските сили, а со време станала една од најдобрите снајперисти, која без грешка погаѓа цели на оддалеченост од 1.200 метри.

„За нас, снајперистите, тие се само мета. Ова е војна. Јас не пукав во цивили“, вели таа.

Се борела на страната на самопрогласената Народна Република Дoњецк.

Пред две години се префрлила во единицата во Доњецк на понатамошно војување, јавија локалните медиуми.

Неодамна учествуваше на изборот за мис, под наслов „Мис на Републиката“.

„Ги поминав кастинзите. Стекнав самодоверба, запознав многу луѓе и сфатив дека постои живот и надовр од војската“, вели таа.

Ја освои титулата „Мис на преобразбата“ – заради нејзиното преминување од снајперист во мисица. Наградата беше скап лаптоп.

Планира да се омажи за човек со кој служела на првата борбена линија на фронтот.

„Нема нешто што може да не раздели“, вели Олга.