Мистериозни пакети со кокаин пристигнуваат на француските плажи на Атлантикот

од Aleksandar Petrovski

Мистериозни пакети со кокаин пристигнуваат на францускиот брег на Атлантикот. Неколку недели властите трагаат по мистериозни пакувања излезени на плажите во  кои има кокаин. Вкупно до минатиот викенд беа пронајдени  763 кг, јавува дописникот на МИА.

Целиот атлантски брег е под влијание на феноменот, според јавното обвинителство од Рен. Пристигнувањето на овие пакети е забележано „од средината на октомври со зголемување на приливот од 4 ноември“, објасни јавниот обвинител на Рен, Филип Аструк. Истражителите извршиле првични анализи кои „се чини дека во амбалажа се се наоѓаат наркотици, особено кокаин со висок степен на чистота“, и „затоа особено опасен“, велат од обвинителството . Овие „пакети на базичен кокаин” се со 83 отсто чистота и тие испливуваат на брегот на Атлантикот од Ланд до устието на Лоара”, појасни Аструк.

Феноменот е толку голем и досега невиден што „ е воведен интензивен надзор од разни служби, вклучително на царинските по должината на  францускиот брег“, рече обвинителот.

Во Жиронд, беа откриени пакувања со кокаин на плажите Ла Тест и Аркашон, во сливот на Аркашон. Обвинителството од Бордо смета дека станува збор за  „значителни количини“ на дрога без да даде повеќе детали.

Присуството на овие пакувања се сфаќа многу сериозно од жандармеријата која испрати започна „порака на предупредување до граѓаните кои ќе откријат такви пакетчиња на брегот“ и ги повика да се јават веднаш на 17 без да ги допрат овие производи. „Содржината и пакетот може да бидат опасни за здравјето“, тврдат жандармите. Овие пакетчиња може да претставуваат ризик „ако се допрат“ или да предизвикаат „испарувања“.

Освен тоа што „за секое вакво откритие мора веднаш да биде известена полицијата или жандармеријата без никакви манипулации“, транспортот на овој вид на производ е прекршок казнив со 10 години затвор, рече обвинителот на Рен. Обвинителството предупредува и на опасноста од  консумирање на овие наркотици. „Ова е многу опасен производ во ваква форма, неговата потрошувачка може да доведе до предозирање“, инсистира тој.

Истражните органи сакаат да дознаат дали станува за несреќа при транспортот, или пак за намерно фрлање во вода од страв од контрола од властите. Во истрагата се вклучени и европските полиции, како и американската ДЕА.

Еден малолетник на возраст од 17 години кој беше фатен од полицијата со 5кг од овие пакети со дрога, беше притворен од полицијата и ризикува 10 години затвор.

Слични содржини