Мицкоски: Доаѓа втората епоха, нова иднина за граѓаните

од Берта Китинска

Ниту едните, ниту другите водат сметка и се грижат за интересите и за Албанците, Македонците, и за останатите граѓани во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето кој е неговиот став откако ДУИ и СДСМ не ја прифатија понудата на ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши да биде премиер Албанец.

Мицкоски истакна дека доаѓа втора епоха и нов иднина за граѓаните без разлика од која верска, национална или политичка определба се, укажувајќи дека со еден чекор кога понудиле Гаши да биде премиер Албанец, а СДСМ и ДУИ не прифатиле, им се открила нивната калкулантска игра.

-Ние само сакавме со тој чекор да покажеме дека ова претставува една обична калкулантска игра на политичари кои што се во заминување. И конечно да ја затвориме таа тема на национализам и поделби, напротив како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сакам да покажам дека доаѓа втората епоха, нова иднина, иднина во која што ќе зборуваме за компетенции, а нема да ги делиме луѓето по национална, верска или политичка припадност, истакна Мицкоски.

Слични содржини