Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од редовни избори во 2024, тврди Ковачевски

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ се плаши од редовни избори во 2024, затоа бараат предвремени. Имаат доминантни општини во државата кои што ги водат, а ја гледаме нивната работа по општините. Во Скопје секој трет ден се менуваат директори и нема никаква реализација на било каков проект, вели премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“.

Ковачевски вели дека секогаш бил достапен за сите кои ќе го побараат.

-Кога се условува средба со само едно барање од ист ден, тогаш тоа е неприфатливо и неодговорно. Ние имаме Влада со целосен легитимитет, рече премиерот.

Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „некому нешто должи или пак нешто ветил и затоа вака се однесува“.

-Одлуките на Влада се носат на седница на Влада и сите записници од Влада се достапни за јавноста. На седниците рамноправно учествуваат сите членови од владината коалиција. Не може да се каже дека некој оди некаде за да се одлучува, кажа Ковачевски.

-Ако се работи за унапредување на законски решенија, унапредување на животот на граѓаните, тогаш нормално добредојдени се сите мислења и инпути, додаде премиерот.

Слични содржини