Мицкоски: Ќе продолжиме закон за проверка на потекло на имот на судии, обвинители, политичари носители на јавни функции

од Vladimir Zorba

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот прес соопшти дека согласно Уставот, неговата партија ќе продолжи закон со кој ќе се овозможи проверка на потекло на имот на судии, обвинители, политичари носители на јавни функции.

– Да го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија согласно Уставот. Мора да се врати одземеното на народот. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чувствуваат заштитени. Еве јас ќе ги повикам институциите прв да ме проверат мене и моето семејство, но на иста таква проверка да подложи и Заев, министрите, директорите, судиите, обвинителите. Се што има индиции за нечесно стекнат имот да биде вратено кај народот, вели Мицкоски.

Слични содржини