Мицотакис: Турските провокации повеќе не можат да се толерираат

од Vladimir Zorba

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис оцени дека веќе не можат да се толерираат провокациите од Турција, со кои неговата земја е во спор, за разграничување на зоната за експлоатација на гас во источниот дел на Медитеранот.

„Дојде време Европа да зборува смело и искрено за односот што навистина сака да го има со Турција“, рече Мицотакис по пристигнувањето во Брисел, каде започнува дводневниот самит на лидерите на Европската унија.

Грчкиот премиер додаде дека едно е сигурно: „Провокациите на Турција, без оглед дали се тоа нејзини еднострани активности или екстремна реторика, веќе не можат да се толерираат“, рече Мицотакис.

Темата на спорот во Источен Медитеран и во Турција ќе се најде на агендата на вечерата на лидерите на ЕУ во Брисел.

Слични содржини