Мјанмар: Армијата пукаше во присутните на погребот на убиениот студент! (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Безбедносните сили на Мјанмар вчера отворија оган врз насобраните кои присуствуваа на погребот на студентот убиен во владината пресметка со демонстрантите кои протестираа против пучот, објавија локалните медиуми.

Локалната страница „Мјанмар њуз“ објави дека војниците пукале кон ожалостените на погребот на 20-годишниот Таи Маунг Маунг кој беше убиен во саботата. Тој, наводно, бил член на федерацијата на студентски сојуз, која има долга историја на поддршка на продемократските движења во земјата.

Според извештајот, неколку лица кои присуствувале на погребот биле уапсени.

Не е наведено дали има повредени или убиени, но најмалку девет лица се убиени низ целата земја денеска за време на антивладините акции, соопшти Здружението за помош на политички затвореници, кое брои смртни случаи за време на демонстрациите против пучот.

Ескалационото насилство, кое во саботата однесе животи на најмалку 114 лица, вклучително и неколку деца на возраст под 16 години, ги натера експертите за човекови права на ООН да ја обвинат хунтата за „масовно убиство“ и да ја критикуваат меѓународната заедница дека не сторила доволно за да го запре тоа.

Слични содржини