Мјанмар: Су Чи и Вин Мајнт помилувани за некои од злосторствата

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната лидерка на Мјанмар и добитничка на Нобелова награда за мир Аунг Сан Су Чи и поранешниот претседател на земјата Вин Мајнт беа помилувани за некои од злосторствата за кои беа осудени, а затворските казни соодветно им беа намалени, објавија денеска медиумите.

Су Чи ќе биде помилувана за пет од 19-те злосторства за кои е осудена на вкупно 33 години затвор, а ќе остане во домашен притвор, додека затворската казна ќе ѝ биде намалена за шест години, пренесува „Ројтерс“.

Мјанмарската радио и телевизија денеска го објави помилувањето, а неименуван добро информиран извор изјави дека Су Чи и Вин Мајнт ќе останат во притвор.

Слични содржини