Млад фудбалер нападнат на натпревар во Кисела Вода

од Nikola Popovski

Млад фудбалер бил нападнат за време на натпревар од пониските македонски фудбалски лиги. Немилиот настан се случил пред два дена во Скопје.

-На фудбалски стадион на подрачјето на Кисела Вода вчера попладне за време на фудбалски натпревар, Б.Ц.(18) од с.Сопиште, скопско, Б.П.(33), С.С.(33) и М.Ј.(33) сите од Скопје, кои биле играчи на фудбалски клуб од Скопје физички го нападнале Х.Б.(21) од с.Луково, струшко, кој бил играч на другиот фудбалски клуб од Скопје, информираа од МВР.

Лицата се повикани во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини