Млада банкарка отпуштена по одвратен коментар: „Не е ни чудо што Хитлер сакал да се ослободи од нив“

од Stefanija Kuzmanovska

„Ситибанк“ отпушти една од своите лични банкарки откако таа го бранеше Адолф Хитлер и Холокаустот во скандалозна антисемитска објава на социјалните мрежи која ја објави по нападот на Хамас врз Израел.

Нозима Хусаинова (25) дипломирана на колеџот Бруклин, предизвика гнев во јавноста откако објави, сега избришана, објава на Инстаграм и поради тоа ја загуби работата.

Таа на Инстаграм коментираше за бомбашкиот напад на болницата во Газа: „Не е ни чудо што Хитлер сакал да се ослободи од нив“ и додала смајли. Портпаролот на Ситибанк го нарече нејзиниот коментар „безобразен“ и додаде дека говорот на омраза нема да се толерира во нивната банка.

„Го прекинавме работниот однос на лице кое објави одвратен антисемитски коментар на социјалните мрежи. Го осудуваме антисемитизмот и секој говор на омраза и не го толерираме тоа во нашата банка“, изјави портпаролот на банката за „Дејли мејл“.

Нејзината објава предизвика жестоки реакции и на профилот на банката на социјалните мрежи.

Слични содржини