Младо момче со српско потекло е меѓу жртвите на пукањето во Колорадо

од Nikola Popovski

Меѓу десетте жртви на пукањето во супермаркет, во Колорадо е и 23-годишниот Невен Станишиќ, било потврдено вчера за Гласот на Америка од Српската православна црква во Денвер, која ги извести своите верници дека еден млад човек од нивната заедница е убиен во пукањето.

Семејството Станишиќ се доселило во САД за време на војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години на минатиот век.

Имињата на жртвите полицијата ги соопшти денеска, а биле прочитани на седницата на Сенатот на државата Колорадо.

Српскиот амбасадор во Вашингтон, Марко Ѓуриќ изразил сочувство до семејството Станишиќ, како и до сите граѓани на САД.

Десет лица загинаа во пукањето во супермаркетот, а меѓу жртвите е и еден полицаец, јавуваат американските медиуми.

Од полицијата јавија дека напаѓачот бил совладан и уапсен, но засега не се знаат причините за нападот.

Пукотницата се случила во полн супермаркет лоциран недалеку од Универзитетот Колумбија, каде што вообичаено студентите се снабдуваат со потребните продукти.

Убиениот полицаец е 51-годишниот Ерик Tали, кој работел во службата од 2010 година и бил меѓу првите службеници што одговориле на повикот.

Слични содржини