Младоженец на СВАДБА донесен во КОВЧЕГ: Жените остро го осудија потегот, а невестата се сокри (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Бизарното видео на кое се гледа како кумовите го носат младоженецот во ковчег на сопствената свадба ја шокираше јавноста. Имено, младоженецот кој најверојатно е од Америка дизајнирал оригинален начин на својата венчавка и започна лавина од коментари.

На видеото кое се појави на TikTok, се гледа како неколку луѓе, меѓу кои и деверушите и кумовите на идниот пар, го вадат црниот ковчег од возилото, а потоа го носат до олтарот каде што го положиле.

Видеото има и интересен опис: „Погреб? Не, така мојот пријател реши да оди до олтарот“.

@tobz88 Tell me you’re dramatic without telling me you’re dramatic. #wedding #walkingdowntheaisle #areyoukiddingme #getthefucouttahere #tildeathdouspart ♬ Rest In Peace – Dorothy

На самиот крај од видеото може да се види како младоженецот во бела јакна излегува од ковчегот, додека невестата не се појави на видеото.

Видеото набрзо стана вирално, а го погледнаа повеќе од 8,8 милиони луѓе. Но, младоженецот доби негативни коментари и предизвика револт кај луѓето.

„Би се развеле пред да кажеме „да“, „Боже господе, катастрофа“, „Проклетство што само чека да се случи“, се само дел од коментарите.

Слични содржини