МНР по експлозијата во Турција: Досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул; во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара.

„Информираме дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош; притоа напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактират на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје“, велат од МНР.

Слични содржини