Моди, Путин и Си на самитот на Шангајската организација за соработка

од Stefanija Kuzmanovska

Шангајската организација за соработка (SCO) треба да биде обединета во борбата против тероризмот и да не се двоуми да ги осуди државите кои го поддржуваат теророт, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди на самитот на организацијата.

Лидерите на SCO денеска одржуваат самит преку видео-врска, чиј домаќин е Индија, со цел да го прошират влијанието на евроазиската политичка и безбедносна организација со вклучување на Иран и отворање на патот за членство на Белорусија, пренесува „Ројтерс“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин учествуваат на денешниот 23-ти самит на Советот на шефови на држави на SCO.

Слични содржини