Модна катастрофа: Бела Торн

од Vladimir Zorba

Кога модната индустрија ќе каже да носиме неонско, обично е добро да размислиме колку и што да облечеме. Лекција за тоа колку е тенка границата помеѓу модерно и кич одржа Бела Торн.

Таа беше фатена од папараците во Холивуд, додека се подготвуваше да ги зашемети сите со музиката на забава, но зашемети уште пред тоа со фустанот.

Бела Торн беше облечена со мини фустанче во јака сина боја, со V деколте, кое ги открива како нозете, така и деколтето.

Специфичниот материјал и дрска боја таа ги искомбинира со циклама мартинки, неонско жолта чанта, циклама коса и многу, многу тешка шминка.

Некаде таму, меѓу ударната доза бои, се покажуваа бројни нараквици и ѓердани, придружени за секој случај и со очила за сонце.

Пурпурните сенки по очите во контраст со зелените и целата оваа шарена еуфорија е завршена од … огледало ефект.

 

Слични содржини