Едно момче на возраст од 11-години за малку ќе умрело, пробувајќи да повтори трик од Јутјуб. Тајлер Брум се онесвестил додека со голема брзина се вртел на вртелешката во паркот, користејќи заден мотор од мопед.

Неговата мајка Дон Холингворт, за BBC раскажала дека повредите на Тајлер биле типични за борбени пилоти кои ги добиваат како последица од гравитациските сили. Таа ги предупредила останатите да не пробуваат да ја копираат оваа “глупава шега” од Јутјуб која може да заврши со последици кои можат да ви го променат животот.
Имено, момчето било во парк во Нотингхемшир, Англија со неколку постари деца, на кои им предложил да ја имитираат снимката од Јутјуб која е многу гледана и споделувана. По инцидентот, снимката ја објавила неговата мајка, а на неа се гледа како детето кое првично се врти на вртелешката, паѓа.
https://www.youtube.com/watch?v=L-T-gukHowo
“Во снимката која ја видов, сите се симнуваат од вртелешката. Во случајот на Тајлер, тој се онесвестил од гравитациската сила. Неговиот вид е замаглен, а очите му се црвени и полни со крв. Кога се симнал од вртелешката, паднал на колена и повторно се онесвестил”, изјавила загрижената мајка.
Тинејџерите кои биле со него го оставиле сам во паркот откако виделе дека не му е добро, но на момчето му помогнало друго дете кое поминувало оттаму.
“Докторите ми рекоа дека Тајлер можел многу лесно да умре. Би можел да доживее мозочен удар”, додала неговата мајка и истакнала дека докторите ги поврзуваат повредите на детето со оние со кои се здобиваат борбените пилоти кога не носат маски со кислород.
Полицијата во Нотингхемшир бара сведоци или некој кој има уште некоја снимка од овој инцидент. Детето поради тешките повреди се уште е во болница, но се наоѓа во стабилна состојба.