Момче пратило порака во шише од Нов Зеланд, 8 години подоцна најдена е во Шпанија

од desk2
151 прегледи

Жена која шетала на плажа во северниот дел на Шпанија, нашла порака во шише пратена од 7-годишен новозеланѓанец во 2009 година.

Џулијан Џој од Вангереј Харбор на Северниот остров на Нов Зеланд, не можел да им поверува на очите кога во поштенското сандаче нашол писмо кое го потсетило на тој настан.

Луиса, Германка била на одмор со семејството во Баскиското село Мундака, кога забележала стаклено шише околу нозете на мајка и.

Пораката била од седумгодишен новозеланѓанец, а во неа имало само неколку збора и информации за него.

Осум години откако го пуштил шишето во Пацификот, Џулијан добил писмо од Луиса која ја искористила адресата од пораката.

Потоа Џој и одговорил на Луиса. ДВајцата биле збунети. Мислеле дека некој од семејството си поигрува со нив.

Неговата мајка вели дека тој заборавил на шишето, но дека се среќни што тоа се појавило некаде по осум години.

Не мислеле дека ќе заврши некаде далеку, туку околу Нов Зеланд.

Двете семејства сега комуницираат преку интернет, но Луиса мислела дека писмото треба да го видат повеќе луѓе.

„Мојата постара сестра е офицер во морнарицата, а бидејќи работи на брод мислев дека ќе биде убаво да ја замолам да го пушти твоето шише со пораката во Цеверното море, па можеби Голфската струја ќе го однесе во Африка или Јужна Америка“, пишува Луиза до Џулијан.