МОН: Длабоко сочувство за загубата на Вања, ОУ „Песталоци“ ќе продолжи со психолошка поддршка за учениците

од Nikola Popovski

Министерството за образование и наука изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Од институцијата нагласуваат дека невино дете кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување.

-Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата.

Дополнително и по трагичниот настан, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици во училиштето, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација. Министерството е постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи.

Во меѓувреме, сите заедно да се заложиме вакви настани да не се повторуваат. Да бидеме подобри луѓе. Одговорноста е заедничка, порачаа од МОН.

Слични содржини