Мората поминува прегледи во Атлетико

од Vladimir Zorba

Алваро Мората ќе ги помине медицинските прегледи денеска во Атлетико (Мадрид), пред да го потпише својот договор до крајот на сезоната, вели Скај Спорт.

Познато е дека тој веќе е непотребен во составот на „сините“, откако Гонзало Игуин од Јувентус слета на „Стемфорд Бриџ“.

Шпанецот премина во англискиот тим од Реал (Мадрид) во јули 2017 година за 57 милиони фунти, но генерално разочара со неговата изведба и заминувањето беше логичен потег.

Ако се претстави на високо ниво, тој може да добие траен трансфер во текот на летото.

Слични содржини