Морган Фримен ги откри своите пет омилени филмови во кои глумел

од Vladimir Zorba

Актерот Морган Фримен со своите улоги воодушевува милиони гледачи ширум светот. Иако има глумено во многу легендарни филмови, во едно неодамнешно интервју ги откри своите пет омилени филмови во кои глумел.

За време на интервјуто за Фокс, актерот беше замолен да ги издвои филмовите на кои работел, а кои му оставиле неизбришлив впечаток и му помогнале да стане уште подобар актер.

Фримен не се двоумеше за своите омилени, но неговиот одговор ги изненади обожавателите бидејќи актерот не го кажа филмот кој е најочекуван.

Фримен како омилени филмови ги наведе Invictus (2009), Glory War (1989), Night and Day of Macross (1987), Lean on Me (1989) и Driving Miss Daisy (1989), пренесува магазинот Far Out.

Повеќето обожаватели веројатно очекуваа The Shawshank Redemption од 1994 година да се најде на листата, но тоа не беше случај. Фримен ја навел и причината зошто тој филм не е на неговата листа на омилени.

„Жал ми е, тоа е омилен филм на сите, но не мора да биде мој. Знам дека сите го сакаат и многу сум среќен поради тоа“, пренесува магазинот Far Out. Како дополнително објаснување актерот истакна дека продукцијата не му била баш пријатно искуство.

Слични содржини