Морничави снимки од Турција по новиот земјотрес: Зградите се уриваат, има мртви и повредени (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska

Во денешниот земјотрес во близина на турскиот град Малатија, едно лице загина, а 69 се повредени, соопшти директорот на турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), Јунус Сезер.

„Спасувачките операции се интензивираат во пет објекти. Речиси на секои три минути се справуваме со последователни потреси. Ги советувавме граѓаните да се држат настрана од претходно оштетените објекти, бидејќи тие се уриваат“, рече Сезер, а пренесува весникот „Хуриет“.

На социјалните мрежи се појавија видеа од улиците на Малатија на кои се гледа како згради се уриваат по нов силен земјотрес.

Зградите се урнаа како кули од карти, проследени со огромен облак од прашина. Некои снимки покажуваат урнатини долж цела улица, од кои многу се срушиле на земја за време на разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.

Потсетуваме, земјотресот што денес го погоди источниот дел на Турција, поточно областа Јешиљурт кај градот Малатија, беше со јачина од 5,6 степени.

Земјотресот бил почувствуван во Кахраманмараш, Адијаман, Елазиг и околните провинции. АФАД соопшти дека има уништени објекти.

Функционерот на Јешиљурт, Мехмет Чинар соопшти дека таткото и ќерката кои влегле во куќата да собираат работи останале под урнатините и дека потрагата по нив е во тек.

Слични содржини