Московските пензионери добиваат 140 долари за вакцинација

од Nikola Popovski

Градот Москва ќе го награди со 140 долари секој пензионер што ќе прими вакцина против коронавирус од руско производство, објави денеска градоначалникот Сергеј Собјањин.

Московските власти се обидуваат да ја поттикнат слабата кампања за имунизација.

Жителите на Москва постари од 65 години треба да ги добијат двете дози до крајот на годината за да ги добијат парите.

Во Русија, за 24 часа беше регистриран рекорден број смртни случаи од коронавирус, бидејќи 984 луѓе починаа. Во исто време, регистрирани се 28.717 новозаразени лица, а нешто помалку од 2.000 само во Москва.

Слични содржини