Мрзливи начини да согоруваме калории

од Vladimir Zorba

Губењето на тежината може да се постигне не само со напорен тренинг во салата и почитување на строга диета. Дури и најмалиот напор троши калории и не доближува повеќе до телото од соништата.

За луѓето кои се премногу мрзливи да влезат во салата, еве кои се начините со чија помош можат да ги изгорат калориите.

Фитнес топка наместо стол

Во канцеларијата е препорачливо да го замениме столот со фитнес топка. На овој начин ќе изгориме 250 дополнителни калории за денот.

Зачинета храна

Потрошувачката на зачинета храна може да го забрза метаболизмот и на тој начин да се изгорат повеќе калории.

Медитација

Кога сме ослободени од стресот, согоруваме 104 калории повеќе, во споредба со случаите во кои сме ставени под напон. За таа цел е препорачливо да посветиме време за медитација, бидејќи тоа е докажан начин за ослободување од стресот. Потребни се само 5 минути.

Да го пропуштиме вториот пијалак

Да, тешко е, но сепак е препорачливо да го заштедиме второто пиво кога излегуваме со пријателите. Причината е дека на овој начин се забавува согорувањето на мастите.

Да ги раздвижуваме нозете под маса

Тропајќи со ногата, додека седиме на бирото во канцеларијата, може да помогнеме за согорувањето на дополнителни 100 калории.

Вежби за 10 минути

Не е задолжително да остануваме во салата цел час. Дури и само 10 минутен кардио тренин може да му помогне на метаболизмот.

Слични содржини