Му пренесуваше натпревар на момчето додека стигне дома: Пораките се урнебесни

од desk2
134 прегледи

Светското првенство кое оваа година се одржува во Русија, секој ден привлекува се поголемо внимание, а покрај мажите, многу девојки ги следат натпреварите.

Знаејќи колку многу сака фудбал нејзиното момче една девојка му го пренесуваше натпреварот Англија:Тунис во живо, а пораките се многу смешни.

Таа вели дека нејзиното момче ја замолило да му праќа пораки од тоа што се случува на терен додека да стигне дома.

„За Тунис, и жолт картон за англискиот играч. Играчот со жолт картон изгледа како овца. 34 минути сме во игра и на сите косата им изгледа прилично добро.

Тунис даде гол. Слободен удар за Англија. Сега англичанецот го удри гром и падна насилно долу. Беше голема прошуштена шанса за Англија.

Типот од Тунис е на подот. Изгледа го погодија во коса. Судијата е незаинтересиран. Човекот со повредена коса не е задоволен“, му напиша таа на своето момче.

Нејзините објави и фотографија на Твитер собраа повеќе од 13.000 лајкови.