Мусака со тиквички и моцарела

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 1 кг тиквички

– 500 гр мешано мелено месо

– 400 гр моцарела

– 2 главици кромид

– 4 јајца

– 400 мл кисела павлака

– 200 мл пасирани домати

– сол, бибер и други зачини по желба

– масло за пржење

Подготовка:

Тиквичките излупете ги и исечете ги по должина. Ставете ги во поголем сад, посолете ги и оставете ги да отстојат додека не пуштат вода. После тоа исцедете ги и исушете ги на хартиени крпи.

Кромидот ситно се сечка и се пржи на малку масло.

Додадете го месото и пржете заедно со кромидот додека не добие убава боја. Додадете сол, бибер и други зачини по желба.

Потоа додадете ги пасираните домати и гответе на умерена температура додека смесата малку не се згусне.

Јајцата се матат и се додава павлаката, се убаво се меша, а моцарелата се сече на тенки кришки.

На дното на подмачкан сад за печење ставете ред тиквички, врз тиквичките намачкајте три лажици од смесата со месо и домати, па покријте со малку смеса од јајца и павлака и ставете ја врз моцарелата.

Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.

Ставете ја мусаката во рерна загреана на 180 степени и печете околу 40 минути.

Слични содржини