Мутафчиевод БСП: Никој не негира дека Македонците може да се нарекуваат Македонци

Во интервју за софиската агенција Фокус, членот на Бугарската социјалистичка партија Петар Мутафчиев, потенцира дека никој не го негира правото на самоопределување, односно Македонците да се нарекуваат Македонци.

„Нека бидат нарекувани така, ние сме Бугари. Нека зборуваат македонски, тоа е целосно нивно право. Нека работат за доброто на македонската држава, но да не се обидуваат да го менуваат минатото“, посочи Мутафчиев.

Инаку, тој е претставен како потомок на преродбеникот Кузман Шапкарев.

Па така, според Мутафчиев, никој нема да се согласи да се прави каков било „процес на преродба на историјата“.

„Никој не е заинтересиран за тоа. Ајде да гледаме напред кон иднината, минатото е јасно“, истакна Мутафчиев.

Меѓудругото, тој даде оценка дека „Македонија ја гради македонската нација само врз една етничка група“, што, според него, секогаш ќе претставува проблем за земјата.

Слични содржини