Муцунски: Цврсто стојам зад секој мој став кој е од национален интерес за Македонија

од Берта Китинска

Политиката претставува место за дебата и изнаоѓање најдобри можни решенија, а не простор во кој политичките опоненти се пречекуваат со лажни вести и за жал, закани по живот. Овие денови сме сведоци на организирани напади кон мене, како на социјалните мрежи, така и преку прес-конференција на советник од партијата Левица во Советот на Општина Аеродром, стои во рекацијата на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во врска со лажните вести кои беа споделени од неговото гостувањето на ТВ Сител.

-На социјалните мрежи беа проследени со јавни напади и закани по мојот живот и животот на моето семејство. Моите ставови како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за прашањата од национален интерес за Македонија се јавно искажани во повеќе наврати и цврсто стојам зад секој мој став изнесен во интервјуто, кое е јавно објавено и интегрално достапно за целата македонска јавност. На функцијата Градоначалник на Општина Аеродром стапив со искрени намери и без никаков товар зад себе, а од првиот работен ден заедно со мојот тим вложуваме максимални напори за подобрување на животот за сите граѓани во Општината, стои во рекацијата.

Движењето Млади за Македонија денеска бара оставка од потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, поради бугарофилство и вршење политички притисок.

-Најостро ja осудува изјавата на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој во своето гостување на „Тема на денот” на ТВ Сител на 03.06.2022, од име на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа внесувањето на Бугарите во Уставот и додаде тека тоа е „нормално во еден демократски систем”.Изразуваме огорченост од оваа скандалозна изјава, која за секој Македонец претставува бугарофилство и ванчомихајловизам. Затоа, јавно бараме Тимчо Муцунски да понесе одговорност и да поднесе оставка од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваме дека Македонија е независна и суверена држава, а македонскиот Устав не може и не смее да се пишува ниту по желбите на Софија, ниту по желбите на EPP.Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека Тимчо Муцунски врши притисок и сака да го замолчи нашата невладина организација, а за истата намера ги злоупотребува парите на граѓаните и го оштетува буџетот на Општина Аеродром, посочуваат од движењето.

Од Движењето според наведените причини барааат Муцунски да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка од позицијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини