Музеј во Лондон бара специјален советник за Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Музејот V&A во Лондон објави конкурс меѓу обожавателите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, за функцијата официјален советник во музејот за пејачката.

Музејот сака да ангажира британски обожавател на Свифт кој би можел да даде стручен увид во културата на обожавателите и предметите што нејзините приврзаници ги собираат и создаваат, објави Би-Би-Си.

Музејот е посебно заинтересиран за рачно изработени предмети и нараквици за пријателство. Фановите на 14-кратната добитничка на Греми често разменуваат нараквици за пријателство на нејзините настапи.

Музејот, кој е специјализиран за уметност, дизајн и перформанси, сака да именува некого пред 34-годишната американска поп-ѕвезда да ја започне европската етапа на нејзината турнеја Ерас подоцна оваа година.

Заинтересираните обожаватели од денеска можат да ги поднесат своите апликации преку веб-страницата на V&A.

Слични содржини