МВР ќе предложи да не се плаќаат административни такси за замена на возачките дозволи

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година.

-Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, информираат од МВР.

И неколку дена по одлуката на Владата, сообраќајните и возачките дозволи со новото уставно име да се издаваат бесплатно, на товар на МВР, во станиците за технички преглед за сообраќајна, сепак се наплаќа нешто повеќе од 1.000 денари. Граѓаните збунети, но и револтирани. Чекаат ред со надеж дека ќе профункционира веќе потврдената владина одлука. Метеж за нови налепници нема, тие се достапни и бесплатни.

Сите граѓани кои платија за вадење на документ после промената на уставното име, а добиле обрасци со старото се дискриминирани, признаваат и од Владата.

Со старите лични карти, може да се влезе во Србија, Албанија и во Косово, а на регистарските таблички треба да имате налепница со „НМК“.

Слични содржини