МВР: Приведен напаѓачот на новинарската екипа на „Ал Џезира“

од Nikola Popovski

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека е приведен напаѓачот на новинарската екипа на „Ал Џезира“, во центарот на Скопје.

„На 09.09.2020 во 18.30 часот, М.С. пријавила дека на ул.„Македонија“, каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го бутнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, стои во билтенот на МВР.

Новинарката Милка Смилевска на Фејсбук информираше за инцидентот.

„Дечкото на првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна со колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава, претходно ме праша дали сум од Ал Јазеера и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ке му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе полицаецот не сакаше да се легитимира. Нема потреба од агресија, борбата треба да е со аргументи и дела. Демократијата значи и различни медиуми, ако некој не ви се допагја не го гледајте или читате, не го напаѓајте физички“, вели Смилевска.

Слични содржини