154
Согласно податоците МВР ја соопшти статистиката по однос на ограничување на движењето на граѓаните како една од мерките за справување со коронавирусот во текот на изминатото деноноќие.

Полициски час
Вкупно 56 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, од кои 1 лице е на возраст над 67 години, а 2 лица се до 18 години.
Приведени се 36 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.
На 307 лица се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјава за самоизолација.