МВР за Локално: Во „Тигрите“ работат службеници кои поминале соодветни тестови, не е важно каква етничка припадност се

Во рамки на одбележувањето на 40. години постоење на единицата „Тигри“ при МВР, првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби пред неколку дена информираше дека добил ветување од премиерот Зоран Заев, дека во рамки на оваа единица ќе бидат вработени и Албанци.

Оттаму, тој истото го искоментира како „кршење“ на отпорот во една единица, чии врати до вчера беа затворени за Албанците.

„Добив ветување во присуство и на премиерот, и на министерот за внатрешни работи, и на командантот на таа единица дека ќе бидат вклучени и Албанци, особено во последниот конкурс во кој се предвидени 30 Албанци“, истакна Груби.

Груби вели дека досега имало Албанци кои биле дел од обуките, но дека потоа се повлекле, одбивајќи да станат дел од единицата „Тигри“. Говорејќи за неговото присуство на настанот по повод одбележување на годишнината на оваа единица, првиот вицепремиер рече дека неговото присуство било симболично и дека имал покана, но не одговори дали еден ден ваква покана ќе му испрати на премиерот Заев за оддавање почит на паднатите борци Албанци? 20 години од вооружениот конфликт и по потпишувањето на Охридскиот договор, Груби со став дека е време за помирување.

По однос на ова прашање, „Локално“ разговараше со Министерството за внатрешни работи, од каде не одговорија колку статистички има припадници на други етинички заедници во единицата „Тигри“, но и во другите единици при МВР, но посочија дека без оглед на етничката припадност, како и досега никој не е оспорен да работи во било која единица.

„Во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ работат полициски службеници кои поминале соодветни тестови и апсолутно не е важно кој од каква етничка припадност е. Како што впрочем, не е важно за ниту една друга единица во рамките на МВР. Постојано има огласи за приклучување кон единицата, на кои можат да се пријават полициските службеници, без oглед од која етничка припадност се. Впрочем, и според член 32 од Уставот секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место“, изјавија за „Локално“ од МВР.

Слични содржини