МВР: За прославата на роденденот на Ахмети е известено Јавното обвинителство и се преземаат мерки

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека е известено обвинителството и се превземаат соодветни мерки за случајот со прославата на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеле заштитни маски.

Согласно своите надлежности, велат од МВР, Државниот инспекторат за труд веќе најави вонреден инспекциски надзор во врска со почитување на мерките, препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија заради заштита од ширењето на зараза од коронавирусот на вработените во оваа институција.

„Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности, постапува по пријава примена во текот на денешниот ден, во врска со која е известен Јавниот обвинител и по добиeните насоки од него, а восогласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување зазаштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весникна РСМ“, бр.298 од 16.12.2020), презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека немало ниту роденденска прослава, ниту партизација на државна институција, ниту прекршување на протоколите.

Според Османи, одбележувањето на роденденот на лидерот на ДУИ предизвикало погрешна интерпретација. Тој, сепак, се согласува дека можеби е испратена погрешна порака со фотографијата без маски, иако, како што вели, присутните цело време носеле маски, кои ги тргнале само за да се фотографираат, како што тврди и првиот вицепремиер Арбен Груби.

Слични содржини