Најлудата ноќ во годината низ хороскопот: Еве како секој знак ќе го помине времето

од Radmila Tasevska

Крајот на една година завршува со ретрограден Меркур, кој оди ретроградно на 29 декември!

Тоа секако ни носи конфузија во комуникацијата, па може да се случи организацијата за дочек да се смени за минута до 12 часот, пренесува Независне новине.

Освен тоа, сите треба да внимаваме на начинот на кој комуницираме, бидејќи навистина може да се случат сериозни расправии и паузи, особено во партнерските односи.

Овен

Опуштете се за најлудата ноќ, прегрнете ги вашите драги пријатели и не размислувајте за работа!

Бик

Обидете се да се забавувате како што сакате! Цела година им ја поклонивте на другите – оваа вечер подарете си ја себеси.

Близнаци

Облечете го најубавиот фустан, подигнете ја косата, извадете го вратот и влезете во новата 2023 година со чаша вино и најубава насмевка.

Рак

Направете си удобност.

Ако сакате луда забава, останете до зори! Ако сакате топла семејна атмосфера, направете така, но на прво место, бидете вие!

Лав

Зграпчете, доминирајте, заведете!

Тоа си ти, и ова е твојата ноќ. Флертувајте, но не ги преминувајте границите ако сте зафатени, ако не сте – нема граници!

Девица

На 29-ти оставете ги во фиока сите хартии, обврски, планови.

До 31, опуштете се, подгответе се, облечете се убаво и упатете се во град!

Вага

Доколку сте слободни, очекувајте повик или средба со личност од минатото.

Новогодишната ноќ ви носи убави моменти.

Шкорпија

Совет е овој пат да ја исклучите вашата интуиција, да го прегрнете партнерот и да не добивате љубоморни испади бидејќи тие можат да доведат до сериозна кавга и раскинување.

Стрелец

Ако имате можност, одете на мини одмор!

Ако не сте или не сакате, само донесете добро расположение, заборавете на грижите и навистина обидете се да си поминете добро.

Грижите и обврските оставете ги за следната година.

Јарец

Во новогодишната ноќ ќе бидете во центарот на вниманието, вашата енергија ќе биде заводлива, а некои Јарци можат да доживеат незамислива страст!

Водолија

Ноќ која ќе биде обележана со емоции.

Ако сте сами, ја запознавате судбинската личност! Ѕвездите ви велат да посакате желба бидејќи ќе ви се оствари!

Риби

Ќе доминирате со изгледот, стасот и енергијата.

Каде и да одите, ве очекува волшебна ноќ.

Ако веќе некое време флертувате со одредена личност, сега имате страсна ноќ со неа!

Слични содржини