На бебињата веќе им даваат имиња Корона, Вирус и Ковид!

од Aleksandar Petrovski

Пандемијата на коронавирус е главна тема низ целиот свет, а скоро и да нема земја во која болеста не се шири и ги наруши животите на сите жители и не е изненадувачки што најчести зборови се корона, вирус, ковид и епидемија.

Сепак, не помина многу време откако се појави болеста и споменатите термини толку пати се изговорени што за поединци почнале да звучат како инспирација за имиња на новороденчињата.

Така, еден пар од индискиот град Раипур реши да им даде на своите близнаци, девојче и момче, имиња Корона и Ковид.

„Кога вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат Корона и Ковид, решивме навистина да им ги дадеме овие имиња“, рекла мајката (27) и додала дека подоцна може да има промена во имињата на децата, пренесува Раша Тудеј.

Овие индиски родители не се единствен случај.

Мексиканката Анамарија Хозе Рафаел Гонзалес (34) била заразена со коронавирус кога се породила со момче и девојче на 27 март. Со оглед на околностите, и таа одлучила да ги именува девојчето Корона а момчето Вирус.

Слични содржини