На Хитлер уште заработуваат

од desk4
295 прегледи

 И нацист и диктатор и убиец и монструм и…. и повторно неговите работи се купуваат како реликвии

Колку за континуитет , приборот за јадење направен специјално за 50 роденден на нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер, продаден е на аукција за околу 14.000 евра.

Продадени се два ножа, три лажички и три виљушки украсени со нацистички орел и иницијалите на Хитлер.

Сребрениот прибор за јадење откриен е при празнењето на една куќа во Дорсет, кој му припаѓал на еден пензиониран воен офицер.

Претходно се очекуваше дека двата ножа, трите лажици и трите виљушки, направени специјално за Хитлер за лично користење во свечени прилики, ќе достигнат цена од 2.500 евра.

Од аукциската куќа Чартерхаус од Шерборн велат дека овие предмети претставуваат „значаен дел“ од историјата.

Во Велика Британија не е забрането да се продаваат нацистички антиквитети, меѓутоа, во јавноста се дискутира за тоа колку е всушност етички такво нешто.

Членовите на британскиот парламент инсистираа на забрана на продажбата на овие предмети, а за малку и компанијата Facebook ќе беше натерана да ја блокира продажбата на нацистички предмети на својата платформа.

„Направени се околу три илјади парчиња за 50 роденден на Хитлер. Ова е првиот сет на кој наидов во последните 30 години“, вели Ричард Бромел од аукциската куќа Чартерхаус.

Хитлер беше нацистички лидер на Германија од 1933 до 1945 година.

Ако не сте знаеле

Адолф Хитлер им се придружил на нацистите дури кога една друга политичка го одбила, дознава Томас Вебер, професор по историја на Универзитетот во Аберден. Професорот Вебер дошол до необјавени документи, кои откриваат дека во 1919 година новоформираната Социјалистичка партија го одбила Хитлер со зборовите дека не го сака во своите редови, ниту, пак, да пишува за нивниот весник. Во периодот кога Хитлер сакал да пристапи, партијата била многу поголема и поуспешна од Нацистичката партија. Доколку го прифатиле, историјата сигурно би имала поинаков тек, бидејќи Адолф ќе бил задоволен со помала улога во партијата и не би имал време да стекне толкава моќ.

– Само една година претходно не покажуваше никакви лидерски квалитети и бил среќен само што може да ги следи останатите, подобро отколку да издава наредби, истакна Вебер. Хитлер дури откако бил одбиен, покажал интерес за Нацистичката партија, станувајќи нејзин лидер во 1921 година. 

– За ова никој не зборува. Тоа го објаснува неговото опсесивно однесување во следните години, особено кон Социјалистичката партија, нагласи германскиот професор.

Инаку новооткриениот документ е записник од Ханс Џорџ Грасингер, основач на германската Социјалистичка партија, а пронајден е во архивата на Институтот за современа историја во Минхен.