На продажба е болидот во кој Луис Хамилтон ја постигна првата победа во Формула 1

од Vladimir Zorba

Болидот во кој британскиот возач Луис Хамилтон ја постигна првата победа во Формула 1 ќе се продава на аукција.

Според Klix.ba, станува збор за автомобил W04 од 2013 година, кој е далеку од најубав автомобил, но е многу важен. Неговата шасија е број 4, а тоа е болидот во кој Хамилтон ја зазеде пол-позицијата, а потоа победи на Унгарското ГП за време на сезоната во која доминираше Себастијан Фетел на Ред Бул Рејсинг.

Хамилтон ја постигна оваа победа за тим кој се мачеше во тоа време, а откако го напушти Мекларен претходно истата година. Тоа е и негова единствена победа во 2013 година.

W04 беше последниот Mercedes F1 болид кој беше придвижуван од 2,4 литарски атмосферски V8 мотор, а тимот подоцна ја уништи конкуренцијата со V6 хибрид.

Автомобилот ќе се продава на аукцијата на RM Sotheby’s, која ќе се одржи за време на тркачкиот викенд во Лас Вегас. Се проценува дека купувачот ќе издвои меѓу 8 и 12,5 милиони фунти.

Слични содржини