На радар фатени 83 пребрзи возачи

од Nikola Popovski

Полицијата денес (29.01) спровела засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Врз основа на контролата, казнети биле 83 возачи.

-Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, велат од МВР, при што нагласуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потенцираат од полицијата.

Слични содржини