На северот на Косово пронајдено телото на уште еден осомничен за нападот во Бањска

од Vladimir Zorba

Обвинителството на Косово денеска потврди дека на северот на Косово било пронајдено телото на уште едно лице осомничено за учество во нападите врз косовската полиција на 24 септември.

Со ова тело досега се убиени четворица напаѓачи.

Безживотното тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од „местото на инцидентот“, еден ден откако група од десетици вооружени мажи ја нападна косовската полиција.

Оваа вест за балканскиот сервис на РСЕ ја потврди обвинителот Наим Абази.

Абази рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно вооружено возило.

„Се обидуваме да го легитимираме бидејќи во овој момент немаше никакви документи за идентификација“, рече Абази.

Косовските власти во неделата објавија дека тројца напаѓачи се убиени во полициска акција, додека шест лица се уапсени – двајца напаѓачи и четворица кои дале поддршка.

Слични содржини