На Сити и Челси им се заканува исфрлање од Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити и Челси ризикуваат да бидат исфрлени од Премиер лигата доколку бидат прогласени за виновни за кршење на правилата за профит и одржливост на англиската фудбалска елита (ФФП). Актуелните шампиони жестоко ги оспоруваат 115-те обвиненија поднесени од правниците на Премиер лигата во февруари 2023 година. Се очекува независна комисија да започне со разгледување на случајот доцна наесен.

Минатото лето беше покрената истрага против Челси за финансиски злоупотреби направени во ерата на Роман Абрамович, во која се плаќало на агенти од сметки кои не се поврзани со сметките на клубот. Последните финансиски извештаи од „Стемфорд Бриџ“ покажуваат дека 150 милиони фунти биле издвоени кога Тод Боли го купил клубот за да ги покрие потенцијалните правни трошоци.

На двата тима им беше кажано дека можат да се соочат со најголемата санкција од Комисијата, која одзеде четири бода од Нотингем Форест претходно оваа недела.

Слични содржини