На средбата Рустеми и Бербери разговараа за проектите на Коридор 8 и ГП Ќафасан-Струга

од Radmila Tasevska

На денешната средба помеѓу директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и директорот на Албанската патна управа Евис Бербери се разговарало за повеќе теми кои се во интерес на двете држави, информира Јавното претпријатие за државни патишта на својот Фејсбук профил.

„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми во Тирана оствари средба со директорот на Албанската патна управа Евис Бербери. На средбата двајцата директори разговараа за повеќе теми кои се од интерес на двете држави. Рустеми и Бербери подетално разговараа за имплементацијата на неколку клучни проекти како што е проектот за Коридор 8 и Граничен премин „Ќафасан-Струга“. Средбите од овој тип ќе продолжат и понатаму со цел поефикасно инфраструктурно поврзување на двете земји“, напиша на својот Фејсбук-профил Јавното претпријатие за државни патишта.

Слични содржини