На трагата на вистината за потеклото на мистериозните експлозии во Галаксијата

од Vladimir Zorba

 

 

 

Потрагата по мистериозните „брзи радио-експлозии”, со многу кратко но интензивно пулсирање на радио-бранови од вселената, полека се забрзува. Никој не знае што ги предизвикува овие силни експлозии, но се шпекулира дека сигналите допираат од многу далечни вонземски цивилизации. Всушност, астрономите се толку збунети од феноменот, што може да се нарече „препород во радио-астрономијата”. images-54

Меѓународниот тим на астрономи откри брза радио експлозија, најјасна досега. Наречена FRB 150.807 според датумот на откривањето, налетот на интензивни радио-бранови траел помалку од половина милисекунда, што е 0,1 отсто од времето кое е потребно човекот да трепне. Студијата, објавена во „Наука”, до сега најмногу се приближила на одговорот на прашањето од каде потекнува звукот.

Истражувањето доаѓа само по неколку дена откако друга студија извести дека е забележана радио експлозија, заедно со експлозија на гама зраци, со исклучително енергично електромагнетно зрачење.

Наспроти нивната интензивност, природата и потеклото на брзите радио експлозии се главна тема на дебатите. Некои астрономи навеле дека овие кратки, интензивни блесоци, всушност се факели произведени во атмосферата на некои ѕвезди во нашата галаксија, што е процес сличен на соларните факели.

Други сметаат дека се предизвикани од космички судири, како неутронски ѕвезди (слом на јадро на голема ѕвезда) која се судрила со црна дупка во далечна галаксија, а трети пак сметаат дека сигналите ги произведуваат вонземјани.

Првата радио експлозија – Лоримерова експлозија, била откриена по игра на случајот со помош на австралискиот телескоп Паркес. Овој прасок остана само чиста мистерија се додека не бил откриен уште една експлозија, но од друга позиција од Порторико и САД.n_63a-_chandra_and_hubble_-_heic0507f-tif

FRB 150807 е неверојатен поради краткото траење, јаснотијата и високото ниво на линеарна „поларизација”. Комбинирајќи ги овие својства, новата студија сугерира дека експлозијата се случила во галаксија која е милијарда светлосни години далеку.

Поларизацијата на светлата е предизвикана од магнетни полиња кои ја опкружуваат и тоа помогна на истражувачите да ги проценат магнетните својства на плазмата преку која патувале радио-брановите. Нивната анализа покажува на тоа дека само незначителен дел на намагнетизираната плазма е непосредно близу местото на експлозијата.

Студијата покажува дека малиот број снимени радио-експлозии пораснал, но и дека нивните својства станале познати, што води кон подобро разбирање на тоа што ги произведува.

Тие исто така можат да се искористат за мапирање на магнетните полиња во унивезрумот, што е нешто за кое многу малку се знае.

Напредокот во разбирањето на оваа енигма беше успорен, делумно поради краткото траење на овие експлозии, но и поради ограничената резолуција на телескопот, како и поради несигурноста од која страна доаѓаат.

Ако процесите на трансмисијата на овие експлозии се сличнии на тие кои се одговорни за останатите космички експлозии, астрономите претпоставуваат дека зрачењето на други бранови должини веројатно ќе биде емитирано на ист начин кој ги предизвикал брзите радио налети. Но е докажано дека не можат да се фатат.

Индиректните проценки на растојанието се направени со мерење колку радио сигналите се раширени. Ова може да помогне при заклучување на количината на материјата преку која пропатувала светлината. На овој начин може да се оцени оддалеченоста на брзите радио налети од Земјата, со помош на низа претпоставки, како што е количината на материјата која се наоѓа меѓу нас. Таквите мерки покажале дека потеклото на брзите радио-експлозии е далеку надвор од нашата галаксија.

Анализата на FRB 150807 предвидува дека овие појави всушност не се ретки и дека се случуваат 190 пати на ден.

Објектите како големиот синоптички телескоп, кој ќе го истражува небото секоја вечер, на секои неколку дена, може да го промени нашиот поглед и разбирањето на овие мистериозни експлозии и на насилниот универзум кој постојано се менува.

Индепендент – Лондон

Слични содржини